За насКанцеларииСметководство200 НајголемиКлуб 200КозметикаМеталсистемМултикомпензацииКонтакт

About Us Image - Diagonal Wave Lines

 

 

  Title - About Us

 






 
   
 

Што е виртуелна канцеларија?

Можност да воспоставите локален или глобален бизнис без инвестиции во инфраструктура и персонал. Добивате пристап до модерна комуникациска технологија и обучен кадар. Накратко, виртуелната канцеларија претставува идеално решение кое нуди вистинска вредност за Вашите пари.

Услуги кои се нудат во пакет при изнајмување на виртуелна канцеларија:

  • Ексклузивна локација и адреса која може да ја користите во деловната комуникација, меморандумите и визит картите
  • Натпис со името на Вашата фирма
  • Рецепција
  • Лично примање телефонски повици во име на компанијата од понеделник до петок 08:00 - 16:00 и можност за 24-часовно користење на поштенско сандаче без трошоци за инсталирање на телефонска линија
  • Примање и испраќање пошта
  • Примање факсови и нивно брзо препраќање до Вас
  • Примање електронска пошта и одговарање на истата
  • Користење на обучен персонал
  • Користење на квалитетна опрема: брз интернет пристап, копир, факс, печатач и компјутер
  • Користење на сала за состаноци или конференциска сала 2 дена во месецот

Сите горенаведени услуги се групирани во 3 пакети при што секој пакет вклучува различни услуги и се нуди по различни цени.

План 1:

Користење на адреса, прием и испраќање пошта, лично примање телефонски повици во име на компанијата од понеделник до петок 08:00 – 16:00, прием и испраќање факсови, прием и испраќање електронска пошта. Цена - 70 евра месечно

План 2:

Натпис со името на фирмата, користење на адреса, прием и испраќање пошта, лично примање телефонски повици во име на компанијата од понеделник до петок 08:00 – 16:00, прием и испраќање факсови, прием и испраќање електронска пошта, рецепциски услуги. Цена - 120 евра месечно

План 3:

Услугите наведени во План 2 дополнети со користење на сала за состаноци/ конференциска сала 2 дена во текот на месецот. Цена - 160 евра месечно

Забелешка:

Корисникот на услугата е должен дополнително да ги покрие трошоците за поштарина, телефонските сметки и сите други коресподентни трошоци.

горе